[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Задача Слика  XML
Forum Index » Задачи од национални натпревари
Author Message
boolTrue



Joined: 16/02/2016 14:04:54
Messages: 14
Offline



Мендо вели дека задачата е решена, но за вредностите:
1 1 1
1 2 1
1 1 3
програмата ми дава одговор 2 3, што е грешка, а самиот случај со точниот одговор (3 3) го има на страницата на задачата.

Едно од точните решенија со кои се решава овој проблем е:


TLDR;
Има 1 посебен тест случај од кој може да се заклучи дали има грешка во кодот на програмата..

This message was edited 1 time. Last update was at 25/02/2017 00:02:21

MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

Системот ги проверува решенијата на ограничен број тест случаи. Ако пратиш решение, ќе видиш дека задачата се тестира на 5, 10, 20 (или некој друг мал број) тест случаи (не на сите можни вредности). Ако решението поминува точно на одбраните тест случаи во тренинг делот, задачата се смета за решена.

Во повеќето задачи, тест примерите кои се во текстот на задачата се дел од тест случаите, но понекогаш не се (зборувам за тренинг делот).
boolTrue



Joined: 16/02/2016 14:04:54
Messages: 14
Offline

MOI wrote:Системот ги проверува решенијата на ограничен број тест случаи. Ако пратиш решение, ќе видиш дека задачата се тестира на 5, 10, 20 (или некој друг мал број) тест случаи (не на сите можни вредности). Ако решението поминува точно на одбраните тест случаи во тренинг делот, задачата се смета за решена.

Во повеќето задачи, тест примерите кои се во текстот на задачата се дел од тест случаите, но понекогаш не се (зборувам за тренинг делот).


Ако дојде до ваков ист случај на натпревар, дали ќе ми се важи задачата за решена ако се проверуват рачно?
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

boolTrue wrote:Ако дојде до ваков ист случај на натпревар, дали ќе ми се важи задачата за решена ако се проверуват рачно?


Прво, тешко дека ќе дојде до ваков случај, бидејќи кога ќе пратиш решение за време на натпревар, најпрвин ти се тестира решението на примерите од текстот на задачата и добиваш информација дали е точно или не, па ќе успееш да го поправиш истото да дава точен резултат барем на примерите од текстот на задачата.

Не го сфатив делот за "ако се проверуваат рачно". Комисијата која ги организира натпреварите не троши многу време да ги проверува решенијата рачно (освен ако системот не пријави дека имало препишување - т.е. повеќе решенија се слични, итн). Ако мислиш на пишување код (решение) од натпреварувач, кое ќе има if(...) за разни тест случаи, тоа тешко може да освои многу поени, бидејќи тест случаите се сокриени и не се познати додека не заврши натпреварот.
 
Forum Index » Задачи од национални натпревари
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team