[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: MOI
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Author Message
Само што забележав дека навистина има понова верзија на Free Pascal IDE, која ќе ја инсталираме веднаш по завршување на натпреваров. Како што пишува и во правилата, Free Pascal е стандарден за меѓународните натпревари по информатика, така што сега засега нема да преминеме на Dev Pascal.

До завршување на натпреварот неможам да ти помогнам со решението на задачата Желка, освен да ти кажам дека сите тест случаи се според условите наведени во текстот на задачата. Исто така, го разгледав твојот код и забележав барем една грешка, така што биди сигурен дека не е до нас проблемот.
Denis wrote:Ќе влегуваат ли поените од тест електронскиот натпревар во вкупните поени?

Не, поените од тест електронскиот натпревар ќе немаат никакво влијание на понатамошниот циклус натпревари. И покрај тоа, пожелно е да учествувате во натпреварот за да се запознаете со системот и начинот на оценување на вашите решенија.
bedzo wrote:Во училишта додадејте го и ПСУ Јахја Кемал Струмица.


Средено. Благодарам за пријавата.
На 05.03.2011 (една недела пред регионалниот натпревар за основна и напредна група) ќе организираме еден Мендо натпревар каде задачите ќе бидат со слична тежина како и задачите кои ќе ги има на регионалниот натпревар. Иако натпреварот не е поврзан со циклусот натпревари (нема да носи поени, ...), сепак е добра можност да видите како се носите со останатите натпреварувачи.

Доколку некој сака да организира (да ги напише задачите) за друг Мендо натпревар, нека пише тука или во некоја друга тема датум и време во кое сака да го организира и доколку има луѓе кои ќе се пријават дека ќе учествуваат - ќе закажеме веднаш уште еден натпревар.
Тука ќе набројам неколку работи кои се променети во однос на минатата година:

1. Во однос на правилата
      - Регионалниот и Државниот натпревар за почетничка група ќе се одржуваат во термини различни од термините на Регионалниот и Државниот натпревар за основна и напредна група (како што веќе напомена tStojkovski)
      - од оваа година, официјални интегрирани развојни околини се FreePascal и Code::Blocks (наместо FreePascal и Dev-Cpp)
      - подетално е специфицирано како се поднесуваат приговори, и кој е начинот на кој комисијата ќе одлучува по одреден приговор. Се специфицира и дека, слично како и на ИОИ и БОИ, приговорите не смее да се однесуваат на какви било поправки во предадениот код на натпреварувачот, со кои евентуално би работела програмата.
      - објавен е уште еден документ, наречен "Дополнителни информации за циклусот натпревари 2011", во кои подетално се специфираат правилата за одржување на натпреварите, начинот на бодување, напредување низ циклусот натпревари, изборот на екипи за ИОИ и БОИ, итн.

2. Во однос на системот за натпревари
      - по барање на повеќе натпреварувачи, сега Мендо има и chat систем - за комуникација помеѓу натпреварувачите и помеѓу натпреварувачите и комисијата пред и по завршувањето на натпреварите
      - во делот за тренинг, сега е можно да се симнуваат тест примерите на кои нема да ви помине решението за некоја задача. Сега засега, тест-примерите може да се симнуваат еднаш на секои 3 часа.
      - во делот за тренинг, сега има подетална статистика за секоја задача - колку од испратените решенија паднале на временски лимит, колку со погрешен одговор, колку натпреварувачи ја решиле задачата, колку се обиделе, итн.
      - гледање на тест примерите после секој натпревар, заедно со информации зошто решението има добиено таква оцена, кое е времето на извршување, колку меморија користело, итн.
      - анализа на испратениот изворен код. Значи, иако овој дел од системот е сеуште во бета-верзија, кога ќе испратите решение кое ќе содржи код кој не би требало да го содржи (како на пр., system("pause"), fopen, ...), системот ќе ве предупреди да го избришете/промените овој дел од кодот.

    Исто така, системот сега има дел преку кој може во живо да се гледа тестирањето на решенијата. Оваа новина би требало да ги направи Државниот натпревар и Македонската Олимпијада по информатика многу поинтересни за натпреварувачите и менторите.
tStojkovski wrote:По која причина на различни датуми се натпреварите од почетничка и основна/напредна група?

Има повеќе причини, но главната е тоа што планираме да организираме повеќе електронски натпревари за оние кои се натпреваруваат во почетничка група. Затоа, малку ги одложивме регионалниот и државниот натпревар за таа група. Иако минатите неколку години (од кога беше воведена почетничка група) регионалниот и државниот натпревар се оддржуваа во ист термин, задачите и ранг листите се правеа за секоја група посебно (односно натпреварите беа, како и сега, независни).

Инаку, од оваа година за првпат е воведено програмирање како предмет во основно образование, а исто така и Здружението на информатичарите на Македонија организира посета на неколку основни и средни училишта низ Македонија со цел промовирање на натпреварите. Затоа, (барем ние) се надеваме дека оваа година ќе има повеќе учесници во почетничка група.
Објавени се правилата и распоредот на натпреварите (на веб-сајтот на ЗИМ и почетната страна на Мендо).

Има повеќе промени на правилата во однос на минатата година, па прочитајте ги документите внимателно.

Ги очекуваме вашите коментари, пофалби, критики, сугестии...
Тест електронскиот натпревар ќе започне на 18.02.2011 (петок) во 12:00 часот и ќе трае до 24.02.2011 (четврток) - 12:00.

Во моментов работиме на тестирање на надградениот систем за спроведување на натпреварите, па одтаму и мало доцнење во објавувањето на информации.
Покрај тоа, во моментов работиме и на неколку подобрувања на веб-сајтот на ЗИМ и на системот за спроведување на натпреварите (како водич за почетници, chat, тестирање на решенијата во реално време, симнување на тест примери, известувања, анализа на код и слично), кои ќе бидат соодветно напоменати во правилата, а ќе имате можност да ги забележите веќе на првиот електронски натпревар.
Здружението на информатичари на Македонија веќе има изработено предлог календар, според кој циклусот натпревари треба да започне на 12.02.2011 со "Тест електронскиот натпревар". Сепак, веќе подолго време чекаме информации за времето на одржување на неколку други натпревари со кои не сакаме да се поклопиме. Кога ќе добиеме потврда дека календарот е во ред, веднаш ќе ги објавиме сите информации за одржување на циклусот натпревари 2011 (правила, календар, итн)

Во секој случај, како и секоја година пред почетокот на натпреварите, сите регистрирани корисници на Мендо ќе добијат е-маил порака со информации за начинот и времето на спроведување на циклусот натпревари.
 
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team