[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: MOI
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Author Message
macstr1k3r wrote:Може информација, кога ќе бидат објавени официјалните решенија од натпреварот?

Дадов одговор (и објавив решенија) во другата тема - "Решенија регионален".
Решение на задачата ТВ Одмор (рекурзија за дел од поените, динамичко програмирање за сите поени)


Решение на задачата Затвор (бинарно пребарување со BFS)
- имаше многу натпреварувачи кои беа блиску до решавање на оваа задача, па ќе оставам уште неколку дена некој да го прикачи своето решение (откога ќе ја реши и ќе му поминат сите тест случаи во тренинг делот). Ако никој не ја прикачи до тогаш - ќе го ставам нашето решение.
bedzo wrote:Него стварно.. Дај ако можете потемна зелена стајте :Р

Подобро е сега? Да го направиме уште потемно или... ?
mariomako wrote:Здраво, баш проверив кога беше Регионалниот наптревар неможев да пристапам на мендо ниту на cs.org.mk

Поздрав

Пишува на почетната страница на системот - http://mendo.mk/
mariomako wrote:Наптреварот Електронски ли ќе е ?

Да.
РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2011
Официјалните резултати од регионалниот натпревар 2011 ќе бидат објавени на 18.03.2011 (петок). Во исто време, ќе бидат објавени и освоените награди и признанија, како и листа на поканети учесници на државниот натпревар. Најдоцна до 17.03.2011 ќе бидат разгледани сите поднесени приговори.

Начелно, комисијата за натпревари одлучи да ги повика сите оние кои што имаат освоено над 40% од поените од електронските и регионалниот натпревар (види "сумарни резултати за основна/напредна група" кај листата на натпревари).

--------------------------

ДОПОЛНИТЕЛЕН „ЗЕЛЕН БИЛЕТ“ натпревар
На 20.03.2011 (недела) во 18:00-20:00 ќе се одржи натпревар, кој ќе понуди дополнителна можност за учество на државниот натпревар на сите оние кои нема да се пласираат од регионалниот натпревар.

Од тој натпревар, според постигнатите резултати, во листа на поканети учесници на државните натпревари ќе се додадат по ТРОЈЦА натпреварувачи од секоја од двете групи (основна и напредна). На ранг листата од ЗЕЛЕНИОТ натпревар, нема да влијаат резултатите од веќе пласираните натпреварувачи (кои исто така, по желба, ќе може да учествуваат на натпреварот).
Додадени се задачите од регионалниот натпревар во делот за тренинг.
bedzo wrote:Па најавен сум.. Како може ненајавен да пишувам на форум? :Р

Добро, тоа само покажува дека си најавен во овој момент

Не гледам некоја друга причина поради која - на еден компјутер ти ги означува - на друг не. Податоците за тоа кои задачи ти се решени се чуваат на сервер, па би требало - доколку си најавен - да ти ги означи задачите кои ти се решени.
Ако си најавен - ќе ги означува. Мора да знае системот кој си за да ти прикаже кои задачи си ги решил.
Посетете го линков: http://twitter.com/finkiedu

Има линк до извадокот од "Информација за конкурсите за запишување студенти во прва година ... за студиската 2011/2012".
bedzo wrote:Бидејќи 22ца го делат првото место..

П.С Ја сум 23тиот х) Незнам зашо ми се одземани 5 бода :Р

Можеш да провериш - кај натпреварот одбери ја задачата на која ти се одземани бодовите, па (види решение).
Христијан wrote:Денес се регистрирав за учество на натпреварот по програмирање откако избрав ниво (Почетно) прочитав во правилата дека тоа ниво е за учесници кои прв пат се пријавуваат ноисто така дека учесниците треба да бидат основно училиште прва или втора година средно. Сето тоа јас го исполнувам прв пат учествувам, имам почетнички познавања но јас сум трета година средно па сега ме интересира дали тоа што сум трета година ке претставува проблем ?

Ако си трета година средно не можеш да се натпреваруваш во почетничка група (според правилата за натпреварите).

Второ, бидејќи денес си се регистирал на системот, веројатно немаш учествувано на ниту еден електронски натпревар. Бидејќи регионалниот натпревар за основна и напредна група е во сабота, според следново правило:
"Право на учество на регионалниот натпревар имаат сите натпреварувачи кои земале учество на барем еден електронски натпревар. Дополнително, комисијата може да дозволи одреден натпреварувач да учествува на регионалниот натпревар и без учество на електронските натпревари, доколку тој испрати барање до комисијата со соодветно образложение."

треба да испратиш е-маил порака на mile [at] ii.edu.mk.
bedzo wrote:А мораш да ги прошеташ сите соби?

Не, види го првиот пример.

Задачата вели "На стандарден излез отпечатете колку простории треба да помине Мендо...".
mariomako wrote:Здраво, пред неполни 5 минути заврши вториот електронси натпревар. Каде можам да видам колку поени сум освоил и каде можам да видам колку вкупно поени сум освоил досега ?

Поздрав

Натпревари -> Втор електронски натпревар -> Резултати (линкот е под листата на задачи).
Листа со вкупно освоени поени ќе објавиме на 12.03.2011 (по завршување на регионалниот натпревар), бидејќи таа се пресметува за секоја натпреварувачка група посебно, а до 11.03.2011 е можно некој од натпреварувачите да промени група.
Океј е темава, немам никакви замерки - можеби само ќе формирам некоја нова група па ќе ги префрлам сите теми кои не се поврзани со натпреварите таму.

Што се однесува до прашањето, мислам дека можеш да најдеш што те интересира тука:
http://www.sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=120b0e84-85e8-4c04-8456-120ea657c6cf

Има информации за насоките (линк елаборат), а го има (за преземање) и целиот закон.

Колку што јас знам (од разговори со дел од професорите и студентите), студентите ќе имаат избор дали ќе го продолжат образованието на истиот факултет или ќе се префрлат на ФИНКИ (сепак, исто од неофицијални разговори, знам дека 90% од професорите ќе се префрлат на ФИНКИ - барем мене така ми кажуваат, така што незнам како ќе се спроведе ова во пракса ).

Мислам дека во законот за високо образование има член кој вели дека на студентот му се гарантира дека ќе може да заврши (дипломира) по истата програма по која се запишал, така што поприлично сум сигурен дека работите се така како што ги претставив погоре (дека студентите ќе имаат избор).
 
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team