[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: obi1kenobi
Forum Index » Profile for obi1kenobi » Messages posted by obi1kenobi
Author Message
Епа ај сабота попладнето нека биде во 19:00 штом ти се излегува толку
Vo pravo si
Мене баш и не ми одговара, тоа време патувам од дома за Скопје... Како би било натпреварот да се помести на пример сабота сабајлето кај 11, ако одговара?
Отприлика кое време ќе биде овој натпревар? Бидејќи на истиот датум ќе има COCI, па би сакал и таму да учествувам.
Да. Ние во моментот сме UTC+2.

http://www.timeanddate.com/worldclock/
Го најдов тагот за код, но сите опции за известување ми се уклучени а не добивам мејлови.
Епа тогаш форумот ги тргнал табулаторите и кодот е лошо форматиран (претпоставувам дека го копираше кодот таков каков што беше). Можеби би било добро да се направи таг [CODE][/CODE] како на другите програмерски форуми за да се овозможи барем форматирањето да се задржи, а може и да се бои кодот ама не мора

И дефинитивно, одлично би било ако форумот има функционален RSS feed или барем испраќа мејлови кога некој ќе одговори во тема во која сум коментирал, за да не морам на секој пола саат рачно да проверувам хахаха
Или користиш DevC++ или не копираш добро... Сепак мислам дека е првото и ако сум во право, инсталирај Code::Blocks и се ќе биде ок
Заборавив една многу битна работа... Многу би било добро доколку предлог-датумите на натпреварите се објават на самиот почеток на натпреварувачката сезона и да бидат отворени за дискусија и гласање во форумот за да се избегнат ситуации кога натпреварувач поради други обврски нема да може да учествува. Ова би било особено важно за повисоките натпревари, бидејќи ако електронските немаат многу големо влијание, македонската олимпијада има огромна улога во изборот на екипа за меѓународни натпревари и би било штета доколку некој е поканет а не може да учествува, макар и само за да собере искуство.
Се согласувам со Бојан за се освен за точка 8. Мислам дека идејата за проширување на натпреварот на повеќе училишта е добра, но не со елиминирање на подобрите натпреварувачи. Не би било коректно подобрите ученици да се исфрлаат за сметка на популаризирање на натпреварот и сметам дека тоа би постигнало спротивен ефект. Можеби би било подобро да се направи систем со два начини за квалификација - или преку освојување на едно од првите места во својот регион (преку регионалниот натпревар или преку серија електронски натпревари), или преку освојување на доволно бодови за т.н. Lucky Loser влез - од сите ученици кои не влегле во регионалните квоти, право на учество да добијат најдобрите кои се истакнале на сите претходни натпревари.

Исто така, би сакал да кажам дека сум голем фан за системот на TopCoder и сметам дека систем за рејтинг сличен на тој од TopCoder би бил одлично подобрување. Освен тоа што ќе дава реална слика за знаењата на секој од натпреварувачите во текот на целата негова/нејзина натпреварувачка кариера, ќе служи и како дополнителна мотивација за работа. Промените на рејтингот се и реалистичен и објективен приказ за постигнатиот успех на секој натпревар за секој натпреварувач поединечно. Ваквото нешто ќе реши уште еден проблем - проблемот со регионалниот натпревар. Наместо регионален, би можела да се организира серија натпревари распоредени преку цела година и на крајот на таа серија на републички да се повикаат натпреварувачите со највисок рејтинг. Дефинитивно е дека формулата за пресметување на рејтинг мора да биде јавно објавена. Исто така, доколку после секој натпревар во Wiki-то се објави едиторијал со анализи на решенијата, тоа би била солидна основа за почеток за новите програмери и добра можност за унапредување на старите Може дури и да се направи нешто како репутација на натпреварувачите (различно од рејтинг) - тоа би покажувало колку членот е активен на форумот и во Wiki-то и доколку едиторијалите се пишуваат од натпреварувачи, да им се дозволи на сите да ги оценуваат и според тоа натпреварувачот да добие репутација. Не знам дали JForum ја има оваа опција, но знам дека ја имам видено во еден форум базирамн на vBulletin.

Сметам дека во тренинг делот при испраќање на задача треба да се следи примерот на USACO: задачата да се тестира на примерите по ред и при првиот неуспешен тест да се прекине тестирањето и да се извести натпреварувачот за содржината на тестот, точниот одговор и одговорот на негиовиот код. Притоа, доколку некој натпреварувач испрати код кој ги злоупотребува објавените податоци за тест-примерите, сметам дека треба да добие траен бан. На овој начин ќе се овозможи полесно дебагирање на решенијата бидејќи сепак се работи за тренинг. Јасно е дека на натпреварите овој систем може но не мора да биде во функција.

Тестирањето во живо во комбинација со chat би било одлична надградба на системот и ќе додаде и елемент на забава и неизвесност на натпреварите и може само да ги популаризира

Можеби сум преамбициозен во врска со системот на натпреварувања, но сметам дека од идеи и мислења не може да излезе зло, туку само добро
Зошто не би ги имало и двете? Не може да има зло од повеќе статистички податоци...

Исто така, добро би било да има рејтинг на задачите така што на корисниците кои успешно ги решиле ќе им се дозволи да ја оценат тежината на задачата. Убаво би било да има и анализа на решението, нешто слично како на USACO.
Ок, благодарам за брзиот одговор. Се гледаме во недела тогаш
Би сакал да Ве замолам што е можно побрзо да ни одговорите дали ќе може да се помести натпреварот од 6ти на некој друг датум за да можеме да си го планираме викендот...
И мене ми е попроблематичен терминот на 6ти јуни и доколку може да се смени да биде во било кој работен ден од следната недела тоа многу би ми помогнало. За другиот термин на 10ти ќе се снајдам некако...
Искрено, баш и не ми одговараат овие термини бидејќи во текот на таа недела треба да си ги дорегулирам училишните обврски, но и доколку не може да се поместат натпреварите, секако дека ќе учествувам.

Исто така, би сакал да прашам дали ова значи дека нема воопшто да се одржат припреми за никој од учениците или прво ќе се одржат двете дополнителни тестирања, а после нив ќе има припреми за натпреварувачите кои ќе бидат избрани? Сметам дека доколку има припреми тоа би било огромна помош во понатамошните натпревари и дека не треба да се занемарат заради некои надворешни обврски... Сепак се работи за претставување на нашата држава пред светот и било каква помош за натпреварувачите да бидат подобро подготвени би била добредојдена, без разлика кој е во екипата... My 2 cents
 
Forum Index » Profile for obi1kenobi » Messages posted by obi1kenobi
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team